Ѓоковиќ е кандидат за „Куќата на славните“, се гласа за два моменти!

Меѓународната тениска „Куќа на славните“ номинираше неколку легендарни моменти во кариерата на Новак Ѓоковиќ за престижна награда.

Во категоријата на „епски ривалства“ Србинот се наоѓа заедно со Роџер Федерер и Рафаел Надал, додека со репрезентацијата на Србија е кандидат во категоријата „Најпозната прослава“, зашто во 2010 година го освои Дејвис Купот.

„Овие моменти се неверојатни. Федерер и Надал се бореа за првпат во 2004 година, додека Ѓоковиќ и Шпанецот се судриле дури 58 пати, а Швајцарецот и најдобриот во светот одиграа 50 меча“, пишува на сајтот на кој може да се гласа до 30 април.