Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Еден од најбогатите Британци, Џим Ретклиф достави официјална понуда од пет милијарди евра за да го купи Челси.
Три милијарди би се потрошиле за преземање на Челси, додека две ќе бидат искористени за целосно уредување на „Стемфорд бриџ“.
Ретклиф кажа дека е подготвен парите да ги испрати уште викендов, доколку има таква потреба, а планира да разговара и со претставниците на британската Влада.
„Испративме понуда до Челси. Ние сме единствени британски купувачи. Единствена желба ни е од Челси да направиме добар лондонски клуб. Не ме интересира профит, пари заработуваме на друг начин“, кажа тој.
Ретклиф и неговиот брат Боб се газди на фудбалскиот тим Ница, а имаат и уште неколку спортски екипи во други спортови.