Виљареал беше на чекор до чудо, но Ливерпул со пресврт избори финале во ЛШ (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ливерпул е прв финалист во Лигата на шампиони откако со спектакуларен пресврт славеше над Виљареал (2:3).

Иако „црвените“ важеа за големи фаворити, особено после првиот меч, сепак Виљареал на одличен начин го започна мечот и после 3 минути дојде до предност со голот на Диа.

Ливерпул во текот на целото првото полувреме не личеше на себе, ја немаше својата препознатлива игра, а Виљареал доминираше во сите сегменти.

Во 40-та минута Капу центрираше, а највисок во скокот беше Кокелан, кој погоди за 2:0 и најави вистинска драма во второто полувреме.

После шокот во првото полувреме, во второто полувреме тимот на Клоп експресно се врати.

„Црвените“ фуриозно го започнаа вториот дел, конечно заличија на себе, а голема промена во играта донесе Луис Дијаз.

Најпрво Фабињо во 61-та минута намали на 2:1, а пет минути подоцна токму Дијаз израмни на 2:2. Во 74-та минута Мане избегна офсајд замка и погоди за целосен пресврт од 2:3.