Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Легендарната Мартина Навратилова е воодушевена од младиот шпански тенисер Карлос Алкараз на кој му предвидуваат голема кариера.
Алкараз ги победи Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ за да се пласира во финалето на Мастерсот во Мадрид, каде што ќе се соочи против Александер Зверев.
„Според мое мислење, Алкараз е подобра верзија од Ѓоковиќ. Се движи како Новак, но подобро удира и бара агли. Има најсилни удари на теренот“, вели Навратилова.
Алкараз сезонава освои три титули, и тоа во Рио де Жанеиро, Мајами и Барселона, а неодамна наполни 19 години.