Шпански „АС“: Албански политичар го ограбил Карим Бензема!


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Шпанскиот медиум „АС“ објави дека албанската полиција на барање на Интерпол уапсила висок функционер од Владата поради сомневање дека бил вклучен во грабеж во домот на напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема.

Алфред Продани има 41 година, а треба да биде екстрадиран во Шпанија за да одговара за учество во грабежи во десетина куќи, меѓу кои и таа на Бензема.

Французинот бил жртва на уапсениот директор на јавното претпријатие за вода во градот Курбин, а тоа го искористија од опозицијата да ја нападнат власта.

„По кражбата во домот на Бензема за награда доби директорска позиција, а ако успее да го ограби Меси, сигурно ќе стане министер“, иронично коментираат од опозицијата.