Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер сити вчера потврди дека се договорила со Борусија Дортмунд за трансфер на Ерлинг Халанд, кој ќе му се приклучи на премиерлигашот по крајот на сезоната.
Халанд ќе потпише петгодишен договор, а ќе добие иста плата како и Кевин Де Брајне од 400.000 евра, па така нема да биде најплатен во клубот.
Норвежанецот претходно се поврзуваше и со трансфер во Барселона, но тренерот Чави Ернандез кажа дека каталонскиот гигант немал доволно пари за таков луксуз.
„Сите знаат дека сме во фаза на враќање на долговите по финансиската криза. Поради тоа не можевме да го купиме Халанд, му посакувам сè најдобро“, кажа Чави.