Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германскиот дефанзивец Антонио Рудигер потврди дека си заминува од Челси и од следната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид, но притоа откри и за што најмногу жали пред заминувањето од Лондон.
Рудигер потврди дека ќе се пресели во „кралскиот клуб“ по завршување на соработката со Челси, а притоа кажа дека е нервозен затоа што си заминува од Челси без трофеј на крајот на сезоната.
Германецот ја освои Лигата на шампиони, Лига Европа, Светско клупско првенство и други трофеи, но сакаше да го земе и ФА-купот оваа година, но сепак Челси загуби од Ливерпул на пенали.
„Ова беа пет години со падови и успеси, но има многу позитивни работи. Жал ми е што крајот не е поразличен“, кажа Рудигер.