Суарез на крајот на сезоната си оди од Атлетико Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Атлетико Мадрид вечерва ги повика навивачите да ги поздрават Луис Суарез и Ектор Ерера, кои ќе се збогуваат со шпанскиот клуб.

За заминување на Суарез се шпекулира некое време, откако Уругваецот не доби понуда да го продолжи договорот, па ќе замине како слободен игра.

Суарез во Атлетико стигна пред две години од Барселона, па беше важен играч во освојувањето на титулата во Ла Лига, но во втората сезона играше под свое ниво.

Уште не е познато каде ќе ја продолжи кариерата.