Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тиквеш и Скопје ќе играат во македонската Прва лига и следната сезона, откако денеска триумфираа во бараж-натпреварите.
Тиквеш беше подобар од Воска Спорт со 41, додека Скопје славеше со 2-1 против Беласица, а тоа им беше доволно да обезбедат опстанок во елитата.
Тимот од Кавадарци поведе со погодокот на Едиз Спахиу во 12. минута, а шест минути подоцна Иван Ивановски зголеми на 2-0, додека Изаир Емини пред крајот на првиот дел намали на 2-1.
Во вториот дел, Љамчевски и Спахиу ги отстранија сите дилеми околу прашањето за тоа кој ќе игра во елитата следната сезона.