Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот германски тенисер Борис Бекер заврши во затвор пред речиси еден месец, откако му беше изречена казна од две ипол години затвор.
Бекер на крајот на април заврши во еден од најлошите затвори во Велика Британија, но германските медиуми пишуваат дека тој бил префрлен во друг.
Причина за тоа наводно е нервозата кај другите затвореници и чувари која ја создал Бекер со неговите специјални барања и незадоволство.
Затворот се наоѓа на час ипол од Лондон, а голем дел од затворениците завршуваат во таа казнено-поправна установа поради полесни кривични дела. Освен тоа, затворениците таму имаат можност да го продолжат образованието и да се занимаваат со спорт.