Анчелоти стана најтрофеен тренер во историјата на ЛШ (Фото)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Италијанскиот тренер Карло Анчелоти вчера испиша историја во Лигата на шампиони (ЛШ), откако освои уште еден трофеј во елитното натпреварување со Реал Мадрид.

Ова за „кралевите“ беше вкупно 14. трофеј во историјата на натпреварувањето, додека воедно беше и четврта титула за Италијанецот, кој стана најуспешен тренер во ЛШ.

Анчелоти претодно ја освои титулата и во Ла Лига, а на патот до трофејот во ЛШ ги елиминираше Челси, Манчестер сити, ПСЖ и Ливерпул.