Левандовски може да замине: Баерн Минхен со спектакуларен трансфер ќе ја „стресе“ Европа

Баерн Минхен сакаше да го задржи Роберт Левандовски, но Полјакот јасно кажа дека сака да замине, па поради тоа германскиот шампион бара замена за одличниот напаѓач, а изборот паднал на фудбалер на Челси.

Спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ има листа од интересни имиња кои би можеле да го заменат полскиот фудбалер, кој е еден од најдобрите во светот.

„Билд“ пишува дека Баерн пронајде замена за Левандовски, а изборот паднал на Ромелу Лукаку, кој не ги оправда очекувањата на раководството од „Стемфорд бриџ“.

Лукаку сака да замине од Лондон затоа што не е задоволен ниту од својата минутажа во последно време и планира да се врати во Интер, но такво нешто не е возможно затоа што клубот од Милано нема 100 милиони евра, па таа ситуација сака да ја искористи Баерн.