Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не успеа да се избори за полуфинале на Ролан Гарос, откако загуби од Рафаел Надал со 1-3 во сетови.
Ѓоковиќ не може да ја брани титулата во Париз и ќе почека до неговиот 21. трофеј на гренслем-турнирите, додека Надал може да стигне до неговата 22. титула.
Сепак, тоа што е поголем удар за Ѓоковиќ е падот на АТП-листата, па така од понеделник нема повеќе да биде на врвот.
Ѓоковиќ не успеа да одбрани 2.000 бодови, а со поразот во четвртфиналето одбрани само 360 бодови, па во понеделник ќе падне на третата позиција зад Данил Медведев и Александер Зверев.
Србинот досега беше 371 недела на врвот на АТП-листата и му недостигаат уште седум недели за да го урне рекордот на Штефи Граф.