„Малку се пошегував и цел свет почна да зборува за тоа“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Многу шпекулации има за иднината на напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане, а дел од германските медиуми тврдат дека Сенегалецот договорил трансфер во Баерн Минхен.

Мане имаше интересна изјава пред настапот за неговата репрезентација во Африканскиот куп на нации.

„Како и сите и јас на социјалните мрежи ги следам коментарите. Околу 60 и 70 отсто Сенегалци сакаат да го напуштам Ливерпул. Тоа ќе го направам“, кажа Мане.

По натпреварот за Сенегал во кој постигна хет-трик, Мане реши да ја повлече изјавата.

„Вчера се пошегував и цел свет зборуваше за тоа. Мислам дека тука ќе застанам. Ливерпул е клуб кој го почитувам, ќе видиме што ни носи иднината“, кажа Мане.