Левандовски за „Златната топка“: Меси е Ферари, но јас сум ново Ферари!

„Златната топка“ за минатата година требаше да му припадне на Роберт Левандовски, но сепак по седми пат во кариерата ја освои Лионел Меси.

Левандовски за новинарите зборуваше и за таа тема, а притоа кажа дека бил лут поради насловите во медиумите кои се појавиле и според кои изгледало дека не е во добри односи со Меси.

„Тешко е да се каже дека бев лут ако го погледнете фактот дека изборот е меѓу мене и него. Од една страна станувате емотивни, но самодовербата ви се зголемува, зашто голем број луѓе гласале за вас. Тој е како историско Ферари, а јас се чувствував како ново Ферари“, кажа Левандовски.