Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен славеше на трката за Големата награда на Азербејџан, која се возеше во Баку, а големо разочарување доживеаа навивачите на Ферари.
Возачот на Ред Бул на улиците на Баку ја запиша петтата победа оваа сезона, односно 25. во кариерата, откако заврши пред тимскиот колега Серхио Перез, додека трет заврши Џорџ Расел од Мерцедес.
Ферари доживеа дебакл затоа што најпрво откажа болидот на Карлос Саинц, а потоа и на Шарл Леклер, а добар пласман имаше и Луис Хамилтон, кој заврши четврти на трката во Баку.
Ферстапен по победата се наоѓа на врвот со 150 бодови, втор е Перез со 129, додека Леклер е трет со 116 бодови.