Куртоа со спектакуларна тетоважа ги воодушеви навивачите (Фото)

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа на крајот на мај ја освои првата титула во Лигата на шампиони (ЛШ) со Реал Мадрид.

Во финалето против Ливерпул триумфираа со 1-0, а оваа победа белгискиот голман реши да ја прослави со тетоважа.

Чуварот на мрежата реши да ги истетовира своите иницијали и бројот 1, а потоа се наоѓа гол во облик на ѕид и трофеј од ЛШ.

Куртоа се реши на интересна тетоважа, која изгледа фантастично на неговата рака и ги израдува навивачите на шпанскиот гигант.

Белгискиот чувар на мрежата од 2018 година го брани голот на „кралевите“ и веќе освои неколку трофеи.