Рудигер сака Реал да продаде еден фудбалер за да се избегне „пекол“ во соблекувалната!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германскиот репрезентативец Антонио Рудигер ова лето го напушти Челси како слободен фудбалер и потпиша за Реал Мадрид, а наводно од раководството побарал да биде продаден еден фудбалер.

Рудигер зборувал со Флорентино Перез и побарал продажба на 20-годишниот лев бек Мигел Гутиерез за да се намали конкуренцијата.

Шпанските медиуми пишуваат дека засега не е познато дали Перез ќе го послуша неговото барање затоа што планот му е да го задржи Гутиерез.

Гутиерез е во клубот од 2011 година, а минатата сезона настапи на четири меча, додека претходно одигра шест натпревари во 2020/21.

Рудигер, кој освои пет трофеи за време на престојот во Лондон, минатата сезона настапи на 54 меча, а постигна пет гола и четири асистенции.