Марјановиќ на раскрсница – да остане во НБА или да се сели во Евролигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот кошаркар Бобан Марјановиќ би можел да се враит во Европа ова лето, откако добил понуда од новиот евролигаш Виртус Болоња.

Марјановиќ има загарантирани 3,5 милиони долари од договорот со Хјустон рокетс во кој ова лето беше трејдуван од Далас маверикс, па Италијанците ќе мора да се потрудат ако сакаат да го добијат неговиот потпис.

За Марјановиќ е подобра опцијата да остане во САД затоа што почна и актерска кариера, па неодамна беше дел од неколку филмови, каде што сними различни сцени.

Србинот е популарен во САД и го гледаат како голем маркетинг потенцијал, па останува да ја видиме неговата конечна одлука за иднината.