Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ромелу Лукаку пред една година стигна како големо засилување во Челси за 120 милиони евра, но неговата авантура не беше успешна, па се врати во Интер на позајмица.
Во претходните денови во англиските медиуми се шпекулираше за причината поради која Лукаку овој пат не успеа да ги оправда очекувањата во Челси.
Британски „Телеграф“ објави нови информации дека проблемите почнале на 31 декември минатата година, кога Челси објави честитка за Нова Година.
Лукаку бил бесен затоа што не бил главна фигура на фотографијата и се побунил кај раководството, но секако тоа не е единствена причина за негово заминување затоа што долго време не беше во добри односи со тренерот Томас Тухел.