Чурлинов даде гол во победата на Штутгарт против Цирих (Видео)


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов се врати во Штутгарт, па денеска постигна гол во победата од 3-2 против Цирих.

Штутгарт ги почна подготовките за следната сезона, а во пријателската средба против Цирих со пресврт успеаа да триумфираат со 3-2.

Чурлинов доби шанса во второто полувреме и ја оправда довербата на тренерот Пелегрино Матарацо, кога во 69. минута погоди за водство од 2-1 на Штутгарт.