Челси остана со празни раце: Барселона го договори Рафиња


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Рафиња е блиску до преселба во Барселона, иако претходно Челси се договори со Лидс за да го откупи, но играчот не сакаше да потпише за поранешниот европски и англиски шампион.

Желбата на Рафиња е да игра за Барселона, па каталонскиот гигант договорил трансфер од 72 милиони евр и Бразилецот наскоро ќе потпише за Каталонците.

Рафиња игра на идентична позиција како и Осман Дембеле, па тренерот Чави Ернандез ќе има голем избор за нападот, но ќе мора на еден да му даде предност.

Чави доби одличен тим за следната сезона, откако претходно ги ангажираше Франк Кеси и Андреас Кристенсен, а се водат преговори и за Роберт Левандовски и Цезар Аспиликуета.