„Супермен“ Калиниќ ја засили Барселона (Фото)

Конечно пристигна потврда на шпекулациите од претходните денови дека Никола Калиниќ ќе стане нов кошаркар на Барселона.

Калиниќ, откако ја одби понудата да остане во Црвена Звезда, ја искористи шансата и си замина во каталонскиот гигант.

Валенсија беше заинтересирана за услугите на српскиот кошаркар, но Калиниќ смета дека Барселона е подобро место за неговата иднина, па потпиша договор на две години.

„Новиот херој во Барселона. Добре дојде, Калиниќ“, напишаа Каталонците на Твитер.