Левандовски тренира со Баерн, но мислите му се во – Барселона! (Фото)


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Полскиот напаѓач Роберт Левандовски има договор со Баерн Минхен, кој не сака да го продаде искусниот фудбалер на Барселона.

Каталонскиот гигант се договори со Левандовски за личните услови, но нивните понуди до Минхен беа одбиени, зашто Баерн бара 50 милиони евра плус бонуси.

Искусниот 33-годишен напаѓач се појави на закажаниот тренинг на подготовките на Баерн, а новинарите го следеа секој негов чекор и тврдат дека Полјакот е „отсутен“.

„Неговиот говор на телото јасно покажува дека сака да си замине. Прво задоцни на состанокот, а потоа последен се појави на тенерот и не беше премногу посветен на тренинзите“, велат новинарите на „Билд“.