Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Одличниот фудбалер на Милан, Рафаел Леао беше прогласен за најдобар играч во Серија А и во тек се преговори за нов договор, зашто актуелниот му важи до 2024 година.
Во меѓувреме интерес за Леао покажа Челси, кој може да му понуди подобри услови отколку Милан, а тоа загрижи еден навивач на калчолигашот, кој испрати морбидна закана.
„Ако Леао не го продолжи договорот, ќе си ја исечам ногата“, напиша навивачот.
Леао пристигна во Милан во 2019 година од Лил за 29,5 милиони евра и се покажа како големо засилување.
Младиот напаѓач минатата сезона одигра 42 меча за „росонерите“, при што постигна 14 голови и 12 асистенции.
Se non rinnova Leão mi taglio la gamba pic.twitter.com/oqBkuJZteW
— Gabriele (@gabbocin) July 14, 2022