Возач во Наскар го загуби животот, откако беше избоден на бензинска пумпа!


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Поранешниот возач на Наскар, Боби Ист бил избоден на бензинска пумпа во Калифорнија, по што го загубил неговиот живот.

Мотивот за злосторството засега не е познат, но американските медиуми пишуват дека возачот се скарал со напаѓачот додека точел гориво во неговиот автомобил.

„Жртвата е пронајдена со тешки повреди од нож во градниот кош. Итната помош успеа да го одржи во живот до болница, но сепак возачот не успеа да преживее“, соопштија од полицијата.

Осомничен за нападот е Трент Вилијамс Милсап, кој бил застрелан од полициските службеници, а од повредите починал во болница.