Азар е најплатен фудбалер во Ла Лига


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На веб-сајтот „Каполоџи“ беше објавена заработката на фудбалерите во шпанската Ла Лига, па може да се забележи дека на врвот се наоѓа Еден Азар кој зема 600.000 евра од Реал Мадрид.

На втората позиција се наоѓа голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, кој добива 480.000 евра неделно, додека третото место е резервирано за напаѓачот Карим Бензема, кој заработува 460.000 евра неделно.

Потоа следи Давид Алаба со плата од 432.000, па Серхио Бускетс со 421.000, додека Антоан Гризман има плата од 400.000 евра.

Цела листа со плати, на која очигледно на врвот се ѕвездите на „кралскиот клуб“ може да се погледне ТУКА.