Лани ја откачи Барселона, а сега ќе си ја спасува кариерата кај Мурињо во Рома


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Жоржињо Вајналдум по само една година го напушта ПСЖ, откако не се покажа како добро засилување за францускиот шампион, иако минатата сезона бесплатно го засили тимот.

Вајналдум имаше понуда да остане во Ливерпул, но не сакаше и реши да потпише со ПСЖ до 2024 година, па доби поголема плата од таа на „Енфилд“.

Заминувањето во францускиот клуб се покажа како промашување за него, па Вајналдум повеќе време помина на клупа, отколку на фудбалскиот терен.

Италијанските медиуми пишуваат дека Вајналдум сака да си ја спаси кариерата, па поради тоа ќе ја засили Рома на Жозе Мурињо.

Интересно е тоа што Вајналдум минатото лето се договори со Барселона, по што во последен момент се премисли и потпиша за ПСЖ.