Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рускиот ракометар Тимур Дибиров го напушти Вардар ова лето, а денеска беше претставена неговата замена и тоа е македонскиот ракометар Дејан Манасков.
Манасков играше за Вардар во сезоната 2015/16, но си замина затоа што немаше минутажа покрај Дибиров, па имаше одлични настапи за Веспрем.
Вардар со ова покажа дека останува во битка за двојната круна, која ја освои минатата година, а силна конкуренција ќе има од Пелистер, кој се засили летово исто така.
„Црвено-црните“ летово потпишаа договори со сите македонски ракометари, а претходно ги ангажираа и Милан Лазаревски и Андреј Добрковиќ.