Фабрегас во Комо го пречекаа како Бог (Видео)

Шпанскиот фудбалер Цеск Фабрегас ја продолжи кариерата во Серија Б, каде што ќе го носи дресот на Комо.

Клубот денеска соопшти дека потпишал договор со поранешниот играч на Барселона, Челси и Арсенал.

Фабрегас во текот на кариерата стана двапати европски шампион и еднаш светски првак со Шпанија, а ги има освоено Ла Лига, Премиерлигата, ФА-купот и Лига Европа.