Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пјер Емерик Обамејанг пред шест месеци го напушти Арсенал и се пресели во Барселона, но сега повторно би можел да се врати во Лондон, каде што ќе заигра за Челси.
Англиските медиуми пишуваат дека поранешниот капитен на „топчиите“ е голема желба на Челси и во моментов се водат преговори со напаѓачот.
Обамејанг помина само шест месеци во Каталонија и остави добар впечаток, а Барселона мора да продава фудбалери за да собере пари, иако неодамна ги продаде ТВ-правата.
На Томас Тухел му е потребен нов напаѓач, откако си замина Ромелу Лукаку, па Обамејанг делува како вистинско засилување за него.
Обамејанг одигра 128 меча во Англија за Арсенал, а притоа постигна 68 погодоци.