Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Шкендија вчера одиграа 1-1 на гостински терен кај шведски АЕК во третото квалификациско коло, по што беа среќни поради добриот резултат.
Ова ги изненади Швеѓаните, кои се зачудени од тоа како може една екипа да слави реми како титула во Лигата на шампиони (ЛШ).
„Ние сме подобра екипа од Шкендија и тоа ќе го докажеме во реваншот. Противникот на крајот скокаше од радост како да ја освоил ЛШ. Верувам дека дел од нив останаа на теренот да слават, иако ова е само реми и има уште еден меч за играње“, кажа Џон Гуидети од АИК.
Реваншот меѓу Шкендија и АИК се игра во четврток во Скопје.