Медведев конечно освои трофеј во 2022 и го задржа првото место на АТП!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот Данил Медведев ја прекина низата од порази во финалињата, откако денеска славеше со 7-5 и 6-0 против Камерон Нори за титулата во Мексико.

Русинот по шест недели пауза од терените се врати во Мексико, каде што славеше против ланскиот шампион Нори.

Медведев стигна на првиот турнир по долга пауза, а му требаше победата за да го обезбеди првото место најмалку до крајот на Ју-Ес опен, односно 11 септември.

Нори остана на само два трофеи во кариерата, но се очекуваат уште успеси од талентираниот тенисер во иднина.