Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Енис Барди прифатил трансфер во Трабзонспор, откако Леванте се договорил да го продаде во турскиот шампион.
Барди по пет години заминува од Шпанија, а Леванте ќе добие три милиони евра за трансферот во Трабзонспор, додека екипата ќе добие и бонус во иднина.
Турскиот новинар Хасан Тунчел објави дека турскиот шампион ќе треба да плати околу 10 милиони евра за ангажман на Барди, кој треба да потпише тригодишен договор.
Македонскиот фудбалер ќе добие плата од два милиони евра годишно, а ова е уште едно засилување за Трабзонспор.
Турскиот гигант следната недела го чека битка за пласман во Лига на шампиони (ЛШ) и двобој против Копенхаген за место во групната фаза.