Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Енис Барди се сели во Трабзонспор, а неговиот трансфер е главна тема во туските медиуми затоа што шампионот доби големо засилување.
Барди си замина од Ла Лига по пет години поминати во Леванте, па сега е време за нов предизвик и со Трабзонспор ќе се бори за место во групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ).
Трабзонспор претходно покажа интерес и за македонскиот фудбалер Езгјан Алиоски, кој сепак го засили Фенербахче.
Познатиот новинар Танер Караман открива дека тренерот на екипата, Абдула Авчи сакал и стопер, но сепак успеал само со Барди.
„Авчи е заљубен во македонски фудбалери. Минатата година се обиде да купи централен дефанзивец, Велковски, а оваа година левиот бек Алиоски, но не успеа. Ама сега конечно го купи Барди“, вели Караман.