Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рускиот тенисер Данил Медведев веќе некое време се натпреварува под неутрално знаме затоа што му е забрането користење на руското знаме.
Медведев кажа дека му е жал што не можел да игра на Вимблдон, но тоа го искористил за подобро да се подготви за Ју-Ес опен на кој има високи амбиции.
„Најважно е да се игра тенис. Уживам во мојата работа. Мора да играме под неутрално знаме, но и понатаму сум Данил Медведев. Сакам да освојувам трофеи и да победувам. Тоа не се менува. Не можев да ја променам одлуката на Вимблдон и морав да ги почитувам правилата, но сепак ја искористив паузата за да се подготвам за Ју-Ес опен“, кажа Медведев.
Русинот ја брани титулата во Њујорка, откако минатата сезона го совлада Новак Ѓоковиќ во финалето.