Судијата призна дека го оштетил Челси во лондонското дерби! (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Познатиот англиски судија Мајк Дин призна дека направил грешка во средбата меѓу Челси и Тотенхем (2-2), кога не досуди чист прекршок за „сините“ во последните минути.

Судијата Ентони Тејлор и неговите помошници, но и Дин во ВАР-собата, направија голема грешка кога Ромеро го повлече Марк Кукуреља за коса, а тие не досудија прекршок.

Дин во колумна за „Дејли Мејл“ зборуваше за инцидентот, но и голот за израмнување, по што ја призна грешката.

„Кога станува збор за голот на Хари Кејн, му кажав на судијата Тејлор да почека малку за да ја погледнам ситуацијата во која беа Кукуреља и Ромеро. Не можев да досудам прекршок во прв момент, но сепак кога ја погледнав подоцна снимката забележав дека направив грешка“, кажа Дин.