Барселона конечно ќе го избрка Умтити?!


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Францускиот фудбалер Самуел Умтити ќе ја напушти Барселона по неколку неуспешни обиди на каталонскиот гигант да се ослободат од неговите услуги.

Умтити на почетокот на годинава потпиша соработка до 2026 година и се согласи на помала плата за да не ја напушти Барселона летово, откако Каталонците се соочија со финансиски проблеми.

Меѓутоа, за Умтити нема место во екипата на тренерот Чави Ернандез, кој решил да го испрати дефанзивецот на позајмица во Лече, кој се врати во Серија А.

Барселона почнала преговори со Лече и најверојатно наскоро Умтити ќе си ги спакува куферите и ќе се пресели во италијанската калчолига.