Тричковски со АЕК Ларнака ќе игра во групната фаза од Лига Европа

Македонскиот напаѓач Иван Тричковски заедно со АЕК Ларнака се пласира во групната фаза од Лига Европа, откако славеше против Днипро со 3-0.

Тричковски не заигра на мечот поради вирус, но АЕК го совлада Днипро во реваншот, откако го победи и пред една недела со 2-1.

Погодоците за АЕК ги постигнаа Ѓириско во 21. минута, па потоа Рафа Лопез во 44. минута, а триумфот го запечати Енгелезу во 78. минута.