Крај на победничката серија: Ивановски му го предаде мечот на Делаведова


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најталентираниот македонски тенисер Калин Ивановски го предаде натпреварот против Метју Делаведова во четвртфиналето на турнирот во Монастир, Тунис.

Ивановски одигра само три гема (0-3) и реши да го предаде мечот, најверојатно поради повреда, иако засега нема никаква потврда.

Македонскиот тенисер имаше одлична победничка серија во Тунис, откако минатиот викенд го освои првиот турнир во Монастир.

Ивановски забележа скок до 779. место на почетокот на неделава, а сигурно неговиот пласман ќе се подобри од следниот понедленик.