Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бормут го отпушти Скот Паркер по само три кола во новата сезона во Премиерлигата, а причина за тоа е катастрофалниот пораз од 0-9 против Ливерпул.
Паркер успеа да го врати тимов во Премиерлигата, но не издржа долго во елитата и доби отказ по срамниот неуспех.
Дополнителен проблем за Бормут е тоа што постигна само еден гол, а прими дури 14 по три одиграни кола, па така сите претходни добри резултати на Паркер паднаа во вода.
Паркер е прв тренер кој доби отказ во англиската лига, а исто така тоа е најбрз отказ од 1998 година, кога Кристијан Грос исто така беше отпуштен по само три кола во елитата.