Бо Мекејлеб избран за четврти најдобар натурализиран кошаркар во историјата на ЕП


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Специјализираниот портал за кошарка „Баскет њуз“ објави ранг-листа на најдобрите натурализирани кошаркари кои анстапувале на Европското првенство (ЕП), а на листата имаше место за поранешниот македонски репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб.

Мекејлеб беше еден од најдобрите кошаркари кои стигнаа до четвртата позиција на Европското првенство (ЕП) во 2011 година во Литванија, а потоа заигра и две години подоцна за Македонија во Словенија, но тогаш жолто-црвените испаднаа во првиот круг.

Бо на листата се најде на четвртото место пред Миротиќ, Ибака, Слотер, Кејман, Сибилио и Брабендер. Пред него завршија само Рендолф кој беше шампион со Словенија на претходното првенство, Фучка и Холден.