Нов рекорд: Челси за хрватски дефанзивец ќе плати 90 милиони евра!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Челси прави целосен ремонт на екипата, па така веќе почна да планира и трансфери за следното лето, а изборот падна на одличниот хрватски дефанзивец Јошко Гвардиол од Лајпциг.

Премиерлигашот летово ги купи Калиду Кулибали и Весли Фофана, но тука не мисли да запре бидејќи Тијаго Силва најверојатно наскоро ќе оди во пензија, па затоа Челси сака да го купи Гвардиол.

„Сините“ ќе платат околу 90 милиони евра за хрватскиот репрезентативец, кој треба да му се приклучи на премиерлигашот идното лето, односно во јуни 2023 година.