Обамејанг не бил единствен: Челси зема уште една ѕвезда на Барселона!?


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Пјер-Емерик Обамејанг потпиша со Челси, а постои можност со него во Лондон да замине и Мемфис Депај за кој нема место во екипата на Чави Ернандез.

Холанѓанецот има договор со Барселона и сакаше истиот да го прекине, но дури кога ќе ги договори условите со друг тим.

Депај би можел да се вклопи во формацијата 3-5-2 на тренерот Томас Тухел, иако би можел да игра и во 3-4-3, а исто така предност е тоа што може да покрие повеќе позиции и сигурно ќе биде засилување за „сините“.

Челси во моментов работи и на трансфер на Едсон Алварез од Ајакс, па така ќе биде доста активен дел за гигантот.