Крај на серијата на Арсенал: Рашфорд и Антони ги израдуваа „ѓаволите“ (Видео)


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Манчестер јунајтед славеше во англиското дерби против Арсенал со 3-1 со што ја запиша четвртата победа по ред во Премиерлигата.

Антони го постигна првиот гол за „ѓаволите“ на натпреварот во 35. минута, откако се најде во одлична ситуација пред голот на Арсенал и не згреши.

Сака ги врати „топчиите“ во игра со гол во 60. минута, но потоа Маркус Рашфорд со два погодоци во продолжение ги потврди конечните 3-1.

Јунајтед има 12 бодови на петтата позиција во првенството, додека Арсенал е лидер со 15 бода.