Еден од најверните фудбалери на Реал Мадрид во знак на благодарност добива – нов договор!?


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид игра одлично и во новата сезона во која се надева дека ќе ги одбрани титулите во Ла Лига и Лигата на шампиони (ЛШ).

„Кралевите“ не направија премногу промени ова лето, но сепак наскоро се подготвени да му понудат нов договор на Начо Фернандез.

Начо има договор до јуни 2023 година, но шпанскиот гигант планира да му ја продолжи соработката на уште 12 месеци.

Овој 32-годишен фудбалер минатата сезона настапи во 42 меча во сите натпреварувања за гигантот и притоа постигна три гола.

Начо е дете на клубот од Мадрид, а во првиот тим на „кралевите“ беше промовиран пред 11 години.