Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челси остана без тренер утрово откако раководството на клубот реши да го отпушти Томас Тухел, откако неговиот тим вчера загуби со 0-1 од Динамо Загреб.
Англиските медиуми пишуваат дека поразот од Динамо не бил главна причина за отказот на Тухел, туку односите меѓу Германецот и газдата Тод Боели не биле најдобри.
Несогласувањата меѓу нив почнале уште за време на преодниот рок, кога Боели сакал да го купи Кристијано Роналдо, но Тухел се противел на тоа и не сакал да го прифати неговиот предлог.
Боели, наводно, се договорил со Роналдо, по што Тухел кажал дека не му треба Роналдо, туку Пјер-Емерик Обамејанг.
На крајот Роналдо остана во Манчестер, а Обамејанг дојде во Челси, но сепак Тухел доби отказ.