Шоу на Анчелоти: Ако не даде 10 гола, јас ќе ја скинам лиценцата и ќе се пензионирам!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Шпанскиот и европски шампион Реал Мадрид се мачеше против Лајпциг во Лигата на шампиони (ЛШ), но сепак запиша победа од 2-0 во второто коло од групната фаза.

Најмногу заслуги за тоа има Федерико Валверде, кој во 80. минута погоди за 1-0, додека Марко Асенсио во судиското надополнување ја потврди победата.

Анчелоти даде коментар за настапот на Валверде, зашто ова му е трет гол во сите натпреварувања од почетокот на сезоната, па така тренерот на Реал даде интересен одговор.

„Ако не може да натерате таков играч да постигне најмалку 10 голови по сезона, тогаш треба да ја скинете тренерската лиценца и да заминете во пензија“, Кажа Анчелоти.