Милевски остана без Етеми против Грузија и Бугарија!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација се соочува со проблеми пред дуелите против Грузија и Бугарија затоа што Валон Етеми се повреди и не играше за Истанбулспор.

Селекторот Благоја Милевски претходно остана без услугите на Дарко Чурлинов, кој има повреда на задната ложа и ќе паузира два месеци.

Етеми во последните две недели беше одличен во турската Суперлига, но сепак повредата дојде во незгоден момент и за фудбалерот и за репрезентацијата.

Милевски не може да смета ниту на Ердон Даци и Тихомови Костадинов поради повреди, а притоа отпаднаа и Бобан Николов, Кире Ристевски и Давид Бабунски.