ГН Јапонија: Мерцедес задоволен, Ферари исто така


    Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


    Двата возачи на Мерцедес се задоволни со настапот во квалификациите за ГН на Јапонија.

    Пол позиција на „Сузука“ освои Розбрег.

    „Добро ми оди цел викенд. Имав добар баланс, се чувствувам добро, пријатно. Тоа ми овозможи добар круг. Стартот на трката ќе биде многу важен. Потоа ќе морам да ги штедам гумите.“

    Зад него заврши Хамилтон кој исто така е задоволен.

    „Задоволен сум. Многу работев во текот на викендот за да се подготвам. Имавме големи измени пред квалификациите. Историјата покажува дека не мора да си на пол позиција за да победиш.“

    3-то време имаше возачот на Ферари, Раиконен.

    „Болидот е ист како минатиот викенд. Многу се изненадив кога видов дека добро функционира и дека е брзо. Беше тешко да се најде баланс, но засега се е добро.“